...

Најчести прашања за враќање на дел од ДДВ

Најчесто поставувани прашања за спроведувањето на постапката за враќање на дел од ДДВ

Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица започна со својата примена од 1ви јули 2019 година.

1.На кој начин се остварува правото на враќање на дел од ДДВ?

Правото на враќање на ДДВ се остварува со пријавување на податоците од бар кодот на фискалната сметка преку апликативен софтвер за оваа намена на Управата за јавни приходи.

Лицата кои ги исполнуваат условите за остварување на правото на враќање на ДДВ и кои се регистрирани на системот е-Персонален данок, потребно е  на својот уред да ја симнат апликацијата ‘’МОЈ ДДВ’’, со која преку скенирање на баркодот од фискалните сметки се овозможува остварување на правото на поврат на ДДВ.

Правото за враќање на данокот може да се оствари само еднаш за една фискална сметка.

2.Кои се условите за остварување на правото на поврат на ДДВ?

Правото на враќање на дел од ДДВ имаат физичките лица кои:

-имаат навршени 15 години;

-поседуваат валиден документ за лична идентификација – лична карта или патна исправа издадени од надлежен орган во Република Северна Македонија;

-се регистрирани на системот е-Персонален данок  на Управата за јавни приходи и

-поседуваат трансакциска сметка кај носител на платен промет во Република Северна Македонија.

3. На кои фискални сметки не се однесува правото на поврат на ДДВ?

Одредбите на Законот за враќање на дел од ДДВ не се однесуваат на фискалните сметки кои се издаваат од лицата кои извршуваат континуиран промет и за кои се предвидени последователни плаќања, односно за сметки за струја, вода, телефонски услуги, греење, ладење и друго.

Правото за поврат на ДДВ не се однесува и на фискалните сметки за кои е издадена сметкопотврда, фактура или друг документ кон правно лице, трговец поединес, физичко лице кое врши самостојна дејност и физичко лице регистрирано за цели на ДДВ.

За фискалните сметки над 30.000 денари и сторнираните фискални сметки се исто така не се остварува правото за поврат на ДДВ.

5. Колкава е висината на делот од данокот на додадена вредност кој се враќа на физичките лица?

Враќањето на данокот, согласно одредбите на Законот, е во висина од 15% од ДДВ искажан во фискалната сметка.

Пример: На фискална сметка од 1.000,00 денари, со висина на стапка на ДДВ од 18%, се враќа данок во износ од 27 денари.

6. Во кој рок се остварува враќање на данокот?

Враќањето на данокот се врши во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје  во кое е издадена фискалната сметка. Така на пример, за фискална сметка од 15ти јануари, враќањето на данокот треба да се изврши најдоцна до 31ви мај.

Најнискиот износ за враќање на данокот за едно тримесечје е 50 денари. Доколку износот за враќање е помал од 50 денари, истиот се префрла за исплата за наредното тримесечје.

Вратениот износ на ДДВ не претставува доход кој подлежи на оданочување со данок на личен доход.

7. Какви прекршочни одредби утврдува Законот за враќање на дел од ДДВ?

Согласно одредбите на Законот, предвидена е глоба од 250 евра во денарска противвредност за физичките лица кои  ќе пријават фискална сметка која не се однесува правото на поврат на ДДВ (фискални сметки за кои е издадена сметкопотврда, фактура или друг документ, како и сметки за струја, вода, телефонски услуги, греење, ладење и слично)

Утврдена е глоба во висина од 250-1.000 евра во денарска противвредност за издавачот на фискална сметка кој нема да ја пријави сторнираната фискална сметка во Управата за јавни приходи. Воедно, предвидена е глоба и за одговорното лице во правното лице во висина од 150-250 евра во денарска противвредност за истиот прекршок.

Последно објавени