во врска со предложениот Нов Закон за данок на личен доход кој треба да започне да се применува од 01 јануари 2019 година, а ќе престане да важи постојниот Закон за персонален данок од доход и други измени на законските решенија во Законот за УЈП, Законот за спречување на перење пари и финансисрање тероризам (ЗСППФТ) и Законот за фискализација
Со предложениот Закон за данок на личен доход се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот, даночната основа за пресметување на данокот, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот и други прашања значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.
Новиот предлог закон доходот го категоризира во две основни видови категории на дохот и тоа:
- Доход кој даночниот обврзник го остварува со својата (физичка или интелектуална) работа (доход од труд) и тоа: доход од работа; доход од самостојна дејност; доход од авторски и сродни права; доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Овој вид на доход се оданочува со прогресивна стапка и тоа: 10% на даночна основа до 90.000,00 денари и даночна стапка од 18% за делот на доходот над 90.000,00 денари.
————————————————————————————————————–
Годишна даночна основа (бруто) до 1.080.000,00 – применлива стапка 10%
Годишна даночна основа (бруто) од 1.080.001,00 – применлива стапка 18%
При поединичени бруто исплати до 90.000 – применлива стапка 10%
Од 90.001,00 – применлива стапка од 18%
—————————————————————————————————————
Годишна даночна основа (нето) до 972.000,00 – прогресивна стапка 11,1111 %
Годишна даночна основа (нето) од 972.001,00 – прогресивна стапка 21,9512%
При поединичени нето исплати до 81.000,00 – прогресивна стапка 11,1111%
Од 81.001,00 – прогресивна стапка од 21,9512%
—————————————————————————————————————-
- Доход кој даночниот обврзник го остварува од капитал, имот или други видови на средства кои ги поседува (доход од капитал и друг доход) и тоа: доход од права од индустриска сопственост; доход од закуп и подзакуп;
- доход од капитал и тоа:
- Дивиденти
- Камати од заеми
- Камати од депозити
- Камати од хартии од вредност;
- капитални добивки и тоа:
- Недвижен имот продаден во период од 5 години по стекнување (100% * 15%)
-Недвижен имот продаден во период од 3 години по стекнувањето доколку живее во него 1 година пред продажбата (90% * 15%
– Недвижен имот продаден по 5 години од стекнувањето (не се оданочува)
– Од хартии од вредност (90% * 15%)
– Учество во капиталот (90% * 15%)
– Друг подвижен имот (90% * 15%)
– Нематерјален имот (100% *15)
добивки од игри на среќа, доход од осигурување и друг доход.
Овие видови на доход се оданочува со единствена применлива стапка од 15%.
Рамен данок од 15% независно од висината на бруто доходот односно рамен данок од 17,6471% независно од висината на нето доходот.
- Промена во стапките на социјалните придонеси:
- Придонес за задолжително ПИО од 18% на 18,40%
- Придонес за задолжително дравствено осигурување од 7,30% на 7,40%
Останатите придонеси остануваат непроменети
Заклучок: придонесите од плати се зголемуваат за 0,50%
Бруто плата од 25.000 во декември 2018 НЕТО = 17.178,00
Бруто плата од 25.000 во јануари 2019 НЕТО = 17.113,00
РАЗЛИКА = 65,00 на месчно ниво
- Новини кај оданочување на закупнини (данок од доход од закуп и подзакуп)
- Се намлувуваа ослободувањата кај опремена просторија од 30% на 15% и мај неопремени простории од 25% на 10%
- Стапка на данок од доход која се применува на нето даночна основица кај неопремена просторија изнесува 15,6069%, а кај опремена просторија 14,6132%
Неопремена просторија:
Бруто доход = 60.000,00
Признати трошоци = 6.000,00
Даночна основа = 54.000,00
Данок од доход= 8.100,00
Нето износ за исплата= 51.900,00
ОПРЕМЕНА просторија
Бруто доход = 60.000,00
Признати трошоци = 9.000,00
Даночна основа = 51.000,00
Данок од доход= 7.650,00
Нето износ за исплата= 52.350,00
—————————————————————————————————————-
- ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ НА ЗАКОН ЗА ФИСКАЛИЗАЦИЈА (готовински плаќања)
- Задолжително со нарачката се издава фискална сметка кај угостителските објекти;
- Сторно сметка може да се направи во рок од 15 минути од моментот на издавање на фискалната сметка кај угостителските објекти;
- На секоја фискална сметка задолжително мора да стои начин на плаќање (готовина, картица, фактура сл….);
- Се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги до 2.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги. Оваа забрана важи до 31.12.2018 година. Сметано од 01.01.2019 до 30.06.2019 забраната за плаќање во годтовина е денарска противвредност на 1.000 евра и по 30.06.2019 денарска противвредност од 500,00 евра.
Глобите за неприменување на овие одредби од ЗСППФТ изнесуваат 30.000 евра за правното лице и 30% од одмерената глоба на правното лице за одговорното лице (9.000 вера).
- ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА УЈП – ВАЖНА ОДРЕДБА!!!
Управата за јавни приходи има обврска да прибира податоци за сите поединечни исплати на физичките лица преку трансакциските сметки кои се водат во овластените банки.
Овластените банки имаат обврска до 28.02.2019 година до УЈП да достават податоци за носителот на платен промет (банката); податоци за физичкото лице примач (име презиме и ЕМБГ); податоци за налогодавачот; податоци за износот на приливот и други податоци за приливот (шифра и основ за исплата, шифра на земја и валута ако исплатата е од странство).
Сметано од јануари 2019 година банките овие податоци до УЈП ќе ги доставуваат во рок од 15 дена во месецот за претходниот месецот.
Со оваа новина во секое време Управата ќе ги има информациите за исплатите кон физичките лица по сите основи (оданочиви и неоданочиви).
За лицата кои имаат примања – данок од доход од странство данокот на личен доход имаат обврска да го плаќаат во рок од 10 дена во месецот за претходниот месец.
- ЗА НЕПРИЈАВЕНИОТ ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД УЈП има право да пресметува ДАНОК по стапка од 70%
- Пресметувањето и плаќањето на данокот на ДОХОД НА ЛИЧЕН ДОХОД кај САМОСТОЈНИТЕ ВРШИТЕЛИ и ТП (АДВОКАТИ, НОТАРИ, СМЕТКОВОДИТЕЛИ, ИЗВРШИТЕЛИ, ВЕШТАЦИ, КОНСУЛТАНТИ, ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ во ТРГОВИЈА НА МАЛО, УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ, ЗАНАЕТЧИИ и сл) припаѓа на доход кај даночен обврзник од ДОХОД НА ТРУД и ќе биде оданочен со прогресивна стапка од 10% и 18%.