...

Од 1-ви јануари 2020 година започнуваат да се применуваат измените и дополнувања на Законот за личен доход

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.275/2019, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за личен доход со кој примената на прогресивната даночна стапка се става во мирување за период од 36 месеци, односно до 1-ви јануари 2023 година. Со измените се утврдува следното: -оданочување на доходот од работа, доходот од самостојна […]

Новини во Законот за данокот на додадена вредност  

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.275/2019, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Измените и дополнувањата се однесуваат на следното: -се дава можност даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност, правото на одбивка на претходен данок да го остваруваат и со поседување на […]

Даночно намалување за 2020 година

Согласно член 10 став 4 од Законот за данокот на личен доход, износот на даночното намалување, пред почетокот насекоја година, најдоцна до 31 декември во тековната година го објавува министерот за финансии. Министерството за финансии во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.296/2019 го објави износот на даночното намалување за 2020 година, односно утврди дека […]

Законот за данокот на моторни возила стапи на сила

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.261/2019, објавен е Законот за данокот на моторни возила. Со законот се уредува данокот на моторни возила наменети за употреба на територијата на Република Северна Македонија, во однос на настанувањето, пресметувањето и плаќањето на данокот на моторни возила, како и правата и обврските на обврзниците за плаќање на […]

Истекува рокот за остварување на обврската за исплата на К-15

Од 1ви јули до 31ви декември трае законската обврска на работодавците од приватниот сектор за  исплата на регрес за годишен одмор (К-15). Право на регрес за годишен одмор имаат работниците од приватниот сектор под услов работникот да е во непрекинат работен однос кај работодавачот во период од најмалку 6 (шест) месеци во тек на календарската […]

Измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка во Собраниска процедура

Со текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, се предлагаат новини во однос на обврската за поднесување на Извештај за трансферни цени до Управата за јавни приходи. Измените се однесуваат на продолжување на рокот за поднесување на извештајот за трансферни цени, односно наместо даночните обврзници да имаат обврска да […]

УЈП објави нова верзија на клиентскиот софтвер за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок

Управата за јавни приходи ја објави новата верзија на клиентскиот софтвер за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок која е усогласена со одредбите на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата и Правилникот за начинот на пресметка на износот за субвенционирање и постапката за субвенционирање на придонесите. […]

Правилник за начинот на пресметката на износот за субвенционирање и постапката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата

Во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.244/2019 година, објавен е Правилникот за начинот на пресметката на износот за субвенционирање и постапката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. Согласно одредбите на правилникот, при поднесување на Месечната пресметка за интегрирана наплата до Управата за јавни приходи, согласно Законот за придонеси […]

Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност

Во тек е собраниската процедура за донесување на предложените измени и дополнувања Законот за данокот на додадена вредност. Согласно одредбите, се предлага следното: -можност даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност, правото на одбивка на претходен данок да го остваруваат и со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 […]

Pегрес за годишен одмор (К-15)

Правото на исплата на регрес за годишен одмор, односно К-15 е воспоставено со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и се однесува на сите вработени лица во приватниот сектор во Република Северна Македонија. Од 1ви јули до 31ви декември трае законската обврска на работодавците од приватниот сектор за  исплата на регрес […]