[rev_slider alias=”%d1%81%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%be%d0%b4%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be”]

Сметководствените услуги подразбираат прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водење на трговски/деловни книги и составување на годишна сметка и/или финансиските извештаи, кај обврзници согласно Меѓународните сметководствени стандарди (МСС), Меѓународните сметководствени стандарди за финансиско известување (МСФИ) објавени во Правилникот за водење на сметководство, Меѓународниот Стандард за Финансиско известување за мали и средни ентитети (МСФИ за МСЕ) објавен во Правилникот за дополнување на Правилникот за водење на сметководство, Законот за вршење на сметководствени работи, Законот за сметководство за непрофитни организации, Законот за трговските друштва за Вршителите на самостојна дејност и Трговците поединци и останатите позитивни законски прописи.

Комплетирањето на производот сметководствени услуги, зависи од типот на поединечните услуги дадени како критериуми, од што ќе зависи и сложеноста на самата сметководствена работа согласно Законот за вршење сметководствени работи која се нуди и дава на различни обврзници кои се веќе класифицирани согласно Законот за трговските друштва.

 

 

  • Водење на главна книга (синтетика);
  • Водење на помошни книги (аналитика) на материјалните и нематеријалните средства;
  • Водење на аналитика на купувачи и добавувачи;
  • Водење на аналитика на долгорочни и краткорочни заеми, кредити и слични обврски;
  • Материјална евиденција на прием во калкулации и/или излезни фактури;
  • Срамнување на финансиски и материјални сметководствени евиденции со клиенти;
  • Подоговка на компензации, цесии и асигнации согласно Законот за облигационите односи и Законот за платен промет за потреба на клиентот;
  • Подготовка на барања, пријави, извештаи и други обрасци за Придонеси од плата на вработените кај клиентот;
  • Пресметка и подготовка на плата;
  • Подготовка и достава на годишна сметка;
  • Подготовка и достава на финансиски извештаи;
  • Електронска поддршка на изработка на фактура и плаќање;
  • Активности околу годишниот попис на средства, побарувања и обврски;
  • Благајничко работење, дневен пазар, патни и материјални трошоци;
  • Амортизација и вредносно усогласување на материјалните и нематеријалните средства;
  • Електронски пренос на сметководствена документација:
  • Електронски пренос на сметководствена евиденција;
  • Подготовка и достава во електронска форма на биланси, спецификации и картици согласно потребите на клиентот и
  • Подготовка и достава на извешати според известувачките политики на секторот Статистика при Народна банка на Република Северна Македонија (КИПО, КВС, НД, НП, ВС 22, ВС11).

Accounting

Сметководствените услуги подразбираат прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водење на трговски/деловни книги и составување на …

Taxes

Подготовка на барања, пријави, извештаи и други обрасци за Данок на добивка;

Подготовка на барања, пријави, извештаи и други обрасци за Данок на додадена вредност;

Consulting

Анализа на на сметководственото работењето кај обврзници согласно Законот за трговските друштва (ЗТД);

Анализа на финасиски извештаи кај обврзници согласно ЗТД;

Анализа на работењето на  …

Legal

Подготовка на комерцијални и менаџерски договори;

Подготовка на правни акти на трговските друштва (Деловници, Правилници, Одлуки, Решенија, Кодекси, Методологии, Упатства );

Education

Обуки и работилници за:

Финансиско и материјално сметководство, подготовка на извештаи, водење на деловни книги, подготовка на даночни пријави, водење на …

Administration

Пријави и одјави на вработени во здравствено и пензиско осигурување;

Оперативни работи со овластените банки;

Составување на извештаи согласно барањата на …