Согласно Одлука на Владата на Република С.Македонија, од денес 10.03.2021 година до 22.03.2021 година се забранува движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден.
Во однос на издавање на дозволи за движење за време на полициски час, Министерството за информатичко општество и администрација извести дека продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби.
Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, истата може да ја отпечатат од својата е-маил адреса. Дозволите беа пратени од следниот маил: notification@uslugi.gov.mk.
Во однос на издавање на нови дозволи за движење, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk.
Categories: Некатегоризирано