ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност е објавен во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.199/2023. Со измените и дополнувањата на Законот, во член 3 став 3 од Законот за ДДВ,со кој се утврдува што се смета како промет на добра, се додаваат две нови точки односно се доуредува дефинирањето на прометот на […]

НА КОИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ СЕ ОДНЕСУВА ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ?

Собранието на РСМ по скратена постапка на 19.09.2023 година го донесе Законот за данокот на солидарност со кој се уредува оданочувањето со данокот за солидарност, обврзникот за плаќање на данокот за солидарност, даночната основа за пресметување на данокот за солидарност, стапката по која се пресметува данокот за солидарност, роковите за плаќање на данокот за солидарност, […]

Кои се предложените измени на Законот за данокот на добивка?

Предлог-законот за изменување и дополнување данокот на добивка кој е во собраниска процедура за негово усвојување ги содржи следните одредби: -Најпрво, истиот предвидува измени во однос на утврдената обврска за подготовка и доставување на Извештај на трансферни цени до Управата за јавни приходи, при што наместо доставување на извештајот за трансферни цени, се утврдува обврска […]

Што се предлага со измените на Законот за ДДВ?

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност кој е во собраниска процедура со европско знаменце ги предвидува следните измени: -Во член 3 став 3 од Законот за ДДВ,со кој се утврдува што се смета како промет на добра, се додаваат две нови точки односно се доуредува дефинирањето на прометот на добра […]

Измени и дополнувања на Законот за работните односи

Во Службен весник на РСМ бр.111/2023 се објавени измените и дополнувањата на Законот за работните односи кои се однесуваат на прекувремена работа и место и  начин на исплата на платата на работници на проекти од стратешко национално значење. Со законот се водведува исклучок од одредбите со кои се регулира времетраењето на прекувремената работа  најмногу до  […]

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ТЕХ. УСЛОВИ ВО ПРОДАЖНИ ОБЈЕКТИ

Во Службен весник на РСМ бр.79/2023 објавен е Правилникот за дополнување на правилникот за  за минимално-техничките услови во продажни објекти во кои се врши трговија на големо и трговија на мало. Дополнувањата се однесуваат на минималната внатрешна површина на трговските центри (молови) и минималниот број на продавници, штандови или киосци. Имено, со дополнувањата на правилникот […]

Постапка за ликвидација на фирма

Ако не се отвори стечајна постапка над друштвото, по донесувањето на одлуката за престанување на друштвото се спроведува ликвидација. Ликвидацијата на јавно трговско друштво ја спроведуваат сите содружници како ликвидатори, а на командитно друштво и на командитно друштво со акции сите комплементари, ако со спогодба содружниците не им ја довериле на одделни содружници. Двајца или […]

Објавена висина на минимална нето плата во износ од 20.175 денари

Согласно член 4 од Законот за минималната плата во Република Северна Македонија, исплатената висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: – 50% од порастот на просечно исплатената нето-плата во Република Северна Македонија, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и – 50% од порастот […]

ОДЛУКА ЗА ПРИБАВУВАЊЕ И ПРОДАВАЊЕ ЛЕБ

Владата на РСМ на седницата одржана на 02.03.2023 година донесе Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со Одлуката се определува обврска на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен […]

ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКА ЦЕНА НА ЛЕБОТ

Во Службен весник на РСМ бр.44/2023 од 28.02.2023 година, објавена е Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел). Највисоките цени се утврдуваат во висина на цена која изнесува 33 […]