Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност е објавен во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.199/2023.
Со измените и дополнувањата на Законот, во член 3 став 3 од Законот за ДДВ,со кој се утврдува што се смета како промет на добра, се додаваат две нови точки односно се доуредува дефинирањето на прометот на добра со:
-кусоците на добра кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди) и
-искажаниот износ на трошок на кало, растур, крш и расипување на добра над нормираните износи на трошок утврдени за соодветната стопанска дејност, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила.
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
Во член 6 став 2 од Законот за ДДВ, со кој се уредува што се претставува промет на услуги, се додаваат две нови точки, односно се врши следното дефинирање на телекомуникациски услуги и услуги кои се вршат по електронски пат:
-Вршењето на телекомуникациски услуги на пренос, емитување или примање на сигнали, з-борови, слики и звуци или информации од која било природа преку врска, радио, оптички или други електромагнетни системи, вклучувајќи го и поврзаниот пренос или доделување на правото да се искористи капацитетот за таков пренос, емисија или прием, со вклучување на обезбедувањето пристап до глобалните информативни мрежи и
-Вршење на промет на услуги по електронски пат за: изработка на веб-страници, веб-хостинг, одржување на програми и опрема на далечина, софтвер и негово ажурирање, слики, текст и информации и ставање на располагање на бази на податоци, музика, филмови и игри, вклучувајќи игри на среќа, како и политички, културни, уметнички, спортски, научни и забавни емитувања и настани и настава на далечина.
ОВИЕ ОДРЕДБИ ТРЕБА ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.01.2024 ГОДИНА.
По членот 8 се додава нов поднаслов 3-а. и три нови члена 8-а, 8-б и 8-в, кои се однесуваат на Вредносни ваучери кои всушност претставуваат инструмент за кој постои обврска да се прифати како надоместок или дел од надоместок за промет на добра или услуги, доколку прометот на добра, односно прометот на услуги е познат, или потенцијалиот вршител на прометот на добра или прометот на услуги и условите за употреба на вредносниот ваучер се наведени на самиот вредносен ваучер или во поврзана документација. Вредносниот ваучер може да биде еднонаменски или повеќенаменски, при што еднонаменскиот вредносен ваучер се смета за вредносен ваучер за кој место на промет на добрата, односно место на промет на услугите, на кои се однесува вредносниот ваучер, како и износот на данок на додадена вредност кој треба да се пресмета и плати за прометот на тие добра и услуги е познат во времето на издавање на вредносниот ваучер, додека повеќенаменскиот вредносен ваучер е вредносен ваучер кој не е еднонаменски вредносен ваучер. Вредносниот ваучер може да биде во материјална или во електронска форма. За вредносен ваучер не се смета инструмент, кој на имателот му дава право на попуст при купување на добра или услуги, а со кој не е вклучено правото на купување на добра или услуги. За вредносен ваучер не се сметаат билети за превоз, влезници, поштенски марки. Секое пренесување на еднонаменскиот ваучер извршено од страна на даночен обврзник, во свое име, се смета за промет на добра, односно промет на услуги на кои се однесува вредносниот ваучер. Вистинскиот промет на добра односно промет на услуги во замена за еднонаменскиот ваучер, што вршителот на промет го прифатил како надоместок или дел од надоместок, не се смета за промет на добра или промет на услуги. Доколку преносот на еднонаменскиот ваучер го извршил даночен обврзник во име на друг даночен обврзник на кој се однесува вредносниот ваучер, тој пренос се смета за промет на добра, односно промет на услуги извршен од страна на даночниот обврзник во чие име е извршен преносот на еднонаменскиот ваучер. Кога вистинскиот вршител на прометот на добра, односно прометот на услуги и даночниот обврзник кој во свое име, издал еднонаменски ваучер, не се исти лица, се смета дека вистинскиот вршител на прометот на добра односно вршител на прометот на услуги, извршил промет на добра односно услуги поврзани со тој еднонаменски ваучер кон даночниот обврзник кој го издал ваучерот во свое име. Вистинскиот промет на добра, односно промет на услуги во замена за повеќенаменски вредносен ваучер, прифатен од вршителот на прометот на добрата односно прометот на услугите, како надоместок или дел од надоместок за тој промет, подлежи на одданочување со данок на додадена вредност во согласност со овој закон, додека секој претходен пренос на тој повеќенаменски ваучер не подлежи на оданочување со данок на додадена вредност. Доколку преносот на повеќенаменскиот ваучер го изврши даночен обврзник кој не е вистинскиот вршител на прометот на добра односно на прометот на услуги , се смета дека даночниот обврзник кој го извршил преносот на повеќенаменскиот ваучер врши услуги на дистрибуција, реклама или други услуги што се оданочуваат со данок на додадена вредност во согласност со овој закон.
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
Во член 9-а се додава нов став со кој се утврдува солидарна одговорност на сите лица во поврзаното лице за неплатениот данок на додадена вредност на секое одделно лице во поврзаното лице за периодот во кој се членови на поврзаното лице.
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
По членот 9-а се додава нов поднаслов 4-a и нов член 9-б, кои се однесуваат на Даночен застапник. Странско лице коe нема седиште, ниту подружница на територијата на Република Северна Македонија, а коe врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување со данок на додадена вредност согласно овој закон, има обврска да се пријави за целите на данокот на додадена вредност и да назначи даночен застапник, освен странските лица кои вршат промет во смисла на член 32 точка 4 од овој закон. Странското лице се регистрира за целите за данокот на додадена вредност, пред отпочнувањето на вршењето на оданочивиот промет во земјата и за истото не се однесува износот на вкупен промет.Странското, може да назначи само еден даночен застапник со поднесување на пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност заедно со потребната докумeнтација до надлежниот даночен орган. Даночниот застапник може да биде назначен доколку: е регистриран за цели на данокот на додадена вредност најмалку 12 месеци пред поднесувањето на пријавата за назначување на даночен застапник, на денот на поднесување на пријавата за назначување на даночен застапник нема доспеани, а неплатени даночни обврски и ако е правно лице да не е започната стечајна или ликвидациона постапка или ако е физичко лице да не е правосилно осудено за кривично дело. Даночниот застапник има обврска за пресметување на данокот за поднесување даночна пријава за плаќање на данокот и за плаќање камата во случај на задоцнето плаќање на данокот, како и да води евиденциски обврски во име на странското лице. Во случај кога престанува даночното застапување од било која причина, странското лице заради вршење на промет назначува друг даночен застапник со доставување на нова пријава. Даночниот застапник солидарно гарантира за данокот на додадена вредност кој го должи странското лице. Даночниот орган води регистар на даночни застапници согласно овој член. Начинот на пријавување и регистрација на странско лице н, начинот на водење на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност како и потребната документација ги пропишува министерот за финансии.
ОВИЕ ОДРЕДБИ ТРЕБА ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.01.2024 ГОДИНА.
Членот 14 од Законот за ДДВ кој се однесува на местото на прометот на услуги се менува при што се утврдува дека за место на прометот на услуга кон даночен обврзник, се смета местото, каде што тој даночен обврзник има вистинско седиште. Доколку прометот на услуги се врши кон подружница која даночниот обврзник ја има надвор од местото на вистинското седиште, тогаш како место на промет на услуги се смета местото кадешто даночниот обврзник има подружница. Доколку такво место не постои, за место на прометот на услуги се смета постојаното живеалиште или престојувалиште на даночниот обврзник кој е корисник на услугата, додека за место на прометот на услуги кон лице што не е даночен обврзник, се смета местото каде што вршителот на прометот на услуги има вистинско седиште. Доколку прометот на услуги се врши од подружницата на вршителот на прометот на услуги, што се наоѓа надвор од неговото вистинско седиште, тогаш седиштето на подружницата се смета за место на прометот на услуги. Доколку такво место не постои, за место на прометот на услуги се смета постојаното живеалиште или престојувалиште на вршителот на прометот на услуги.
По исклучок од претходно наведеното, за место на промет на услуга се смета:
-Местото на прометот каде услугата е извршена кога се работи за услуги кои се извршени кон лице кое не е даночен обврзник од страна на лице кое врши услуга во име и за сметка на друго лице;
-Местото каде што се наоѓа недвижниот имот кога се работи за промет на услуги во врска со недвижен имот, вклучувајќи го и посредувањето при промет со недвижен имот, услугите од страна на експерти и агенти за недвижен имот, проценката на недвижен имот, провизиите за сместување во областа на хотелиерството или слична област како што се сместувачки кампови или локации наменети за кампување кои функционираат како кампови/места за сместување, гарантирање на права за користење на недвижен имот и услуги за подготовка и координација на градежни активности, како што се архитектонски услуги и активности поврзани со надзор на градежни активности;
-Местото каде што превозот на патниците се извршува, пропорционално на делницата или дел од истата, по која се извршува превозот кога се работи за превоз на патници;
-Mестото каде што превозот на добрата се извршува, пропорционално на делницата или дел од истата, по која се извршува превозот кога се работи за превоз на добра кон лица што не се даночни обврзници;
-Местото каде што услугата се извршува за услуги кои се однесуваат на право на влез на културни, уметнички, спортски, научни, едукативни, забавни или слични настани, како што се саеми и изложби, вклучувајќи и помошни услуги поврзани со истите, извршени кон даночен обврзник
-Местото каде што услугата се извршува за услуги кои се однесуваат на обезбедување на услуги и придружни активности во врска со културни, уметнички, спортски, научни, образовни, забавни или слични активности, како што се саеми и изложби, вклучувајќи ги и услугите на организаторите на наведените услуги, кои се извршени кон лице кое не е даночен обврзник;
-Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за помошни превозни услуги како натовар, истовар, претовар, складирање или други услуги кои на вообичаен начин се поврзани со превозот, извршени кон лица кои не се даночни обврзници;
-Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за услуги на процена и работи врз движни материјални добра извршени кон лица кои не се даночни обврзници;
-Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги. По исклучок за место на промет на услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги извршени на брод, авион или воз, се смета местото каде што започнува превозот на лица;
-Местото на кое што превозното средство вистински му се става на располагање на корисникот на услугата во случај на краткорочно изнајмување на превозно средство и
-Местото каде што корисникот на услугата има вистинско седиште, постојаното живеалиште или престојувалиште кога се работи за изнајмување на превозно средство, освен краткорочното изнајмување, на лице кое не е даночен обврзник.
За место на промет на услугите, извршени кон лице кое не е даночен обврзник, се смета местото во кое што корисникот на услугата има вистинско седиште, постојаното живеалиште или престојувалиште, во случај на: пренос и отстапување авторски права, патенти, лиценци, заштитни знакови и други слични права; услуги на полето на рекламата; услуги на советници, инженери, советодавни фирми, адвокати, сметководители и други слични услуги, како и обработка на податоци и давање информации; банкарски и финансиски услуги и услуги на осигурување и реосигурување, освен изнајмувањето сефови; обезбедување персонал; изнајмување движен материјален имот, освен на сите видови превозни средства; услуги за посредување за пристап до системи за природен гас или друга слична мрежа, обезбедување на пристап до мрежата на електрична енергија во случај на загушување на соодветна алокациска единица при доделување на прекуграничните преносни капацитети на интерконективните водови; телекомуникациски услуги; услуги на радио и телевизиско емитување и услуги извршени по електронски пат.
ОВИЕ ОДРЕДБИ ТРЕБА ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.01.2024 ГОДИНА.
Се менува одредбата која се однесува на даночната основа при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и присилно извршување, при што се утврдува дека даночна основа претставува постигнатата крајна цена намалена за данокот на додадена вредност, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка освен во случај кога доверителот се стекнува со движниот или недвижниот имот во постапката на присилна наплата и во постапката за присилно извршување, за што даночна основа претставува постигнатата крајна цена.
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
Се додаваат и нови два става на член 19, кои се однесуваат на даночната основа, односно за прометот остварен по пат на лицитација, даночна основа претставува постигнатата крајна цена намалена за данокот на додадена вредност, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка. По исклучок првиот и секој понатамошен промет со увезени употребувани патнички моторни возила извршен во рок од три години од денот на увозот, даночната основа не може да биде пониска од вредноста што ја одредил надлежниот царински орган при увозот на возилото.
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
Со членот 8 Законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, кој се однесува на член 20 од Законот за ДДВ се врши техничко прецизирање на делот кој ја уредува конверзијата на девизни средства во домашна валута, односно се утврдува кога надоместокот кој го должи примателот на доброто или корисникот на услугата е пресметан во странска валута, да се врши конверзија во денари по СРЕДНИОТ курс утврден од Народната банка на Република Македонија на денот на настанувањето на даночниот долг .
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
Во член 30 кој се однесува на повластената даночна стапка од 5%, се менува точката производи за човечка исхрана со ОСНОВНИ ПРОИЗВОДИ ЗА ЧОВЕЧКА ИСХРАНА.
Во истиот член точката за публикации се менува и истата гласи:- Публикации и тоа: книги како и електронски/дигитални учебници, брошури и слични печатени материјали, весници и други периодични публикации, детски сликовници, книги како и електронски/дигитални учебници за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како и публикации со порнографска содржина.
Воедно, се додаваат Менструалните производи за чиј промет и увоз ќе се користи повластената даночна стапка.
Во истиот член, точката 18. се менува и гласи: Пелети, печки на пелети и котли на пелети и“., додека точката 19 се менува и гласи: Топлинска енергија за греење.“
Владата на Република Северна Македонија поблиску ги определува добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Последната Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност е објавена во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.203/23. ОВАА ОДЛУКА СТАПУВА НА СИЛА НА 06.10.2023 ГОДИНА.Одлука, производи со 5 ДДВ
Се утврдува повластената стапка од 10% да се применува врз прометот и увозот на останатите производи за човечка исхрана кои не се основни производи за човечка исхрана и се утврдува обврска на Владата на РСМ поблиску да ги определи добрата и услугите чиј промет се оданочува со повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност од 10%. Последната Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност е објавена во ,,Службен весник на РСМ’’ бр.203/23. ОВАА ОДЛУКА СТАПУВА НА СИЛА НА 06.10.2023 ГОДИНА.Одлука, производи со 10% ДДВ
Во член 32 од Законот за ДДВ, со кој се утврдуваат даночните должници, се додава даночниот застапник којшто е назначен од страна на странско лице кое нема седиште или подружница во Република Северна Македонија како даночен должник.
ОВИЕ ОДРЕДБИ ТРЕБА ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.01.2024 ГОДИНА.
Се менува одредбата од член 45 став 1 од Законот за ДДВ која се однесува на враќање на данокот, при што се утврдува следното: Ако износот на претходниот данок во одреден даночен период е поголем од износот на данокот кој е пресметан за прометот кој го извршил, како и за прометот за кои тој е даночен должник според членот 32-а од овој закон, разликата му се враќа на даночниот обврзник врз основа на негово барање кое го искажува во даночната пријава. Ако даночниот обврзник не искаже барање за враќање на разликата искажана во даночната пријава, таквата разлика се пренесува како даночна аконтација за следниот даночен период.
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
Се менуваат и одредбите од член 48 став 1 во насока на допрецизирање на одредбата со која се пропишува враќање на данокот на додадена вредност доколку странското дипломатско или конзуларно претставништво набави добра или користи услуги за службени потреби, при што се опеделува следното: доколку странското дипломатско или конзуларно претставништво набави добра или користи услуги за службени потреби, на барање на претставништвото ќе му се изврши враќање на данокот на додадена вредност, доколку е платена фактурата и доколку во истата е одделно искажан данокот на додадена вредност од страна на даночниот обврзник. Враќањето се врши врз основа на посебни спогодби склучени со државатаиспраќач, во согласност со условите на реципроцитет. Враќањето ќе се одбие, доколку износот на поединечна фактурата не надминува 9.000 денари, вклучувајки го данокот на додадена вредност. Барањето за враќање се поднесува најдоцна во рок од шест месеци по истекот на календарската година во која е извршен прометот кон подносителот на барањето.
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
Се додава нов член 51-б со кој се пропишува издавање на ДДВ – даночен број, односно се утврдува следното: Управата за јавни приходи доделува посебен даночен број (ДДВ даночен број) заради идентификација на одредени состојби или групирања на даночни обврзници со кој не се означува посебен правен статус, туку форма на дејствување за цели на данокот на додадена вредност. ДДВ даночен број, претставува единствена идентификациска ознака на податоците на даночниот обврзник за цели на водење на евиденција за остварување на права и обврски на даночниот обврзник за цели на данок на додадена вредност. Управата за јавни приходи доделува ДДВ даночен број заради идентификација и регистрација на: даночен обврзник регистриран за цели на данокот на додадена вредност и поврзано лице за цели на данокот на додадена вредност. ДДВ даночен број е составен од алфа знаци „МК“ и Даночниот идентификационен број доделен на даночниот обврзник регистриран во Единствениот регистар на даночни обврзници на Управата за јавни приходи.
ОВИЕ ОДРЕДБИ СТАПИЈА НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’, ОДНОСНО НА 25.09.2023 ГОДИНА.
Предлог-законот за изменување и дополнување данокот на добивка кој е во собраниска процедура за негово усвојување ги содржи следните одредби:
-Најпрво, истиот предвидува измени во однос на утврдената обврска за подготовка и доставување на Извештај на трансферни цени до Управата за јавни приходи, при што наместо доставување на извештајот за трансферни цени, се утврдува обврска за негово чување во рок од десет години од истекот на годината за која се однесува извештајот, како и должност за негово доставување до Управата за јавни приходи во рок од 15 дена по доставено барање од управата. Управата за јавни приходи ќе може да достави вакво барање до даночниот обврзник по истекот на 30 дена од рокот за поднесување на даночен биланс. Обрската за поднесување на извештајот утврден согласно членот 12-а oд Законот за данокот на добивка кој е во важност, ќе се применува за деловната 2022 година, додека обврската за чување на Извештајот за трансферни цени ќе се применува од 01.01.2024 година.
-Се предлага дополнување во насока на предвидување на обврска за плаќање на петкратен износ на данокот во случаите кога даночниот обврзник документирано не докаже дека даночното ослободување го искористил за вложувања во материјални средства и во нематеријални средства за проширување на дејноста, како и доколку не го утврди и плати данокот согласно членот 39 од Законот
-Се предлага укинување на правото на даночните обврзници за намалување на пресметаниот данок за износот на донираните средства на спортски субјекти најмногу до 50% од пресметаниот данок, со примена од 01.01.2024 година. Во оваа насока, се предлага обврзниците кои до денот на влегувањето во сила на овој закон искористиле даночно ослободување согласно членот 30-а од Законот за данокот на добивка а кај кои е утврдено престанување на условите за даночното ослободување, да се должни да го утврдат и платат данок на добивка врз основа на образец „ДД-ДО“, кој се доставува до Управата за јавни приходи во рок 30 дена од денот на престанување на условите за даночно ослободување.
-Се утврдува обврска за даночните обврзници кои изготвуваат и чуваат извештај за трансферни цени, кон образецот „ДБ- даночен биланс за оданочување на добивката“, да достават Прилог со податоци за трансакции меѓу поврзани лица „П/ТЦ.
-Се додава нов член со кој се предлага генерално правило против злоупотреба на аранжман или низа на аранжмани, чија главна цел или една од целите е користење на даночните поволности уредени со Законот за данокот на добивка, односно се предлага правата утврдени со овој закон и/или меѓународните договори за оданочување, а кои се однесуваат на намалувања на даночната основа, даночни изземања, ослободувања од плаќање на данок или данок по задршка, намалувања на пресметаниот данок, примена на пониска даночна стапка или поинаков модел на оданочување, даночниот обврзник да нема можност да ги користи за аранжман или низа на аранжмани чија главна цел или една од целите е користење на наведените даночни поволности, во случај кога аранжманите не се автентични, а имајќи ги предвид сите релевантни факти и околности кои се од значење за оданочувањето. Како аранжман ќе се смета која било деловна трансакција, активност, шема, договор, обврска или настан кои може да се состојат од еден или повеќе чекори или делови. Аранжман или низа на аранжмани ќе се сметаат дека не се автентични доколку не се воспоставени поради валидни комерцијални причини што ја одразуваат економската реалност, односно ако се воспоставени за целите на затајување на данок или избегнување на плаќање на даночните обврски.
Се предвидува законот да стапи на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност кој е во собраниска процедура со европско знаменце ги предвидува следните измени:
-Во член 3 став 3 од Законот за ДДВ,со кој се утврдува што се смета како промет на добра, се додаваат две нови точки односно се доуредува дефинирањето на прометот на добра со:
кусоците на добра кои не се предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди) и
искажаниот износ на трошок на кало, растур, крш и расипување на добра над нормираните износи на трошок утврдени за соодветната стопанска дејност, под услов истите да не се настанати како резултат на вонреден настан или виша сила.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
-Во член 6 став 2 од Законот за ДДВ, со кој се уредува што се претставува промет на услуги, се додаваат две нови точки, односно се врши следното дефинирање на телекомуникациски услуги и услуги кои се вршат по електронски пат:
Вршењето на телекомуникациски услуги на пренос, емитување или примање на сигнали, зборови, слики и звуци или информации од која било природа преку врска, радио, оптички или други електромагнетни системи, вклучувајќи го и поврзаниот пренос или доделување на правото да се искористи капацитетот за таков пренос, емисија или прием, со вклучување на обезбедувањето пристап до глобалните информативни мрежи и
Вршење на промет на услуги по електронски пат за: изработка на веб-страници, веб-хостинг, одржување на програми и опрема на далечина, софтвер и негово ажурирање, слики, текст и информации и ставање на располагање на бази на податоци, музика, филмови и игри, вклучувајќи игри на среќа, како и политички, културни, уметнички, спортски, научни и забавни емитувања и настани и настава на далечина.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.01.2024 ГОДИНА.
-По членот 8 се додава нов поднаслов 3-а. и три нови члена 8-а, 8-б и 8-в, кои се однесуваат на Вредносни ваучери кои всушност претставуваат инструмент за кој постои обврска да се прифати како надоместок или дел од надоместок за промет на добра или услуги, доколку прометот на добра, односно прометот на услуги е познат, или потенцијалиот вршител на прометот на добра или прометот на услуги и условите за употреба на вредносниот ваучер се наведени на самиот вредносен ваучер или во поврзана документација. Вредносниот ваучер може да биде еднонаменски или повеќенаменски, при што еднонаменскиот вредносен ваучер се смета за вредносен ваучер за кој место на промет на добрата, односно место на промет на услугите, на кои се однесува вредносниот ваучер, како и износот на данок на додадена вредност кој треба да се пресмета и плати за прометот на тие добра и услуги е познат во времето на издавање на вредносниот ваучер, додека повеќенаменскиот вредносен ваучер е вредносен ваучер кој не е еднонаменски вредносен ваучер. Вредносниот ваучер може да биде во материјална или во електронска форма. За вредносен ваучер не се смета инструмент, кој на имателот му дава право на попуст при купување на добра или услуги, а со кој не е вклучено правото на купување на добра или услуги. За вредносен ваучер не се сметаат билети за превоз, влезници, поштенски марки. Секое пренесување на еднонаменскиот ваучер извршено од страна на даночен обврзник, во свое име, се смета за промет на добра, односно промет на услуги на кои се однесува вредносниот ваучер. Вистинскиот промет на добра односно промет на услуги во замена за еднонаменскиот ваучер, што вршителот на промет го прифатил како надоместок или дел од надоместок, не се смета за промет на добра или промет на услуги. Доколку преносот на еднонаменскиот ваучер го извршил даночен обврзник во име на друг даночен обврзник на кој се однесува вредносниот ваучер, тој пренос се смета за промет на добра, односно промет на услуги извршен од страна на даночниот обврзник во чие име е извршен преносот на еднонаменскиот ваучер. Кога вистинскиот вршител на прометот на добра, односно прометот на услуги и даночниот обврзник кој во свое име, издал еднонаменски ваучер, не се исти лица, се смета дека вистинскиот вршител на прометот на добра односно вршител на прометот на услуги, извршил промет на добра односно услуги поврзани со тој еднонаменски ваучер кон даночниот обврзник кој го издал ваучерот во свое име. Вистинскиот промет на добра, односно промет на услуги во замена за повеќенаменски вредносен ваучер, прифатен од вршителот на прометот на добрата односно прометот на услугите, како надоместок или дел од надоместок за тој промет, подлежи на одданочување со данок на додадена вредност во согласност со овој закон, додека секој претходен пренос на тој повеќенаменски ваучер не подлежи на оданочување со данок на додадена вредност. Доколку преносот на повеќенаменскиот ваучер го изврши даночен обврзник кој не е вистинскиот вршител на прометот на добра односно на прометот на услуги , се смета дека даночниот обврзник кој го извршил преносот на повеќенаменскиот ваучер врши услуги на дистрибуција, реклама или други услуги што се оданочуваат со данок на додадена вредност во согласност со овој закон.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
-Во член 9-а се додава нов став со кој се утврдува солидарна одговорност на сите лица во поврзаното лице за неплатениот данок на додадена вредност на секое одделно лице во поврзаното лице за периодот во кој се членови на поврзаното лице.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
-По членот 9-а се додава нов поднаслов 4-a и нов член 9-б, кои се однесуваат на Даночен застапник. Странско лице коe нема седиште, ниту подружница на територијата на Република Северна Македонија, а коe врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување со данок на додадена вредност согласно овој закон, има обврска да се пријави за целите на данокот на додадена вредност и да назначи даночен застапник, освен странските лица кои вршат промет во смисла на член 32 точка 4 од овој закон. Странското лице се регистрира за целите за данокот на додадена вредност, пред отпочнувањето на вршењето на оданочивиот промет во земјата и за истото не се однесува износот на вкупен промет.Странското, може да назначи само еден даночен застапник со поднесување на пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност заедно со потребната докумeнтација до надлежниот даночен орган. Даночниот застапник може да биде назначен доколку: е регистриран за цели на данокот на додадена вредност најмалку 12 месеци пред поднесувањето на пријавата за назначување на даночен застапник, на денот на поднесување на пријавата за назначување на даночен застапник нема доспеани, а неплатени даночни обврски и ако е правно лице да не е започната стечајна или ликвидациона постапка или ако е физичко лице да не е правосилно осудено за кривично дело. Даночниот застапник има обврска за пресметување на данокот за поднесување даночна пријава за плаќање на данокот и за плаќање камата во случај на задоцнето плаќање на данокот, како и да води евиденциски обврски во име на странското лице. Во случај кога престанува даночното застапување од било која причина, странското лице заради вршење на промет назначува друг даночен застапник со доставување на нова пријава. Даночниот застапник солидарно гарантира за данокот на додадена вредност кој го должи странското лице. Даночниот орган води регистар на даночни застапници согласно овој член. Начинот на пријавување и регистрација на странско лице н, начинот на водење на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на регистарот на даночни застапници, формата и содржината на пријавата за регистрација за целите на данокот на додадена вредност како и потребната документација ги пропишува министерот за финансии.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.01.2024 ГОДИНА.
-Членот 14 од Законот за ДДВ кој се однесува на местото на прометот на услуги се менува при што се предвидува дека за место на прометот на услуга кон даночен обврзник, се смета местото, каде што тој даночен обврзник има вистинско седиште. Доколку прометот на услуги се врши кон подружница која даночниот обврзник ја има надвор од местото на вистинското седиште, тогаш како место на промет на услуги се смета местото кадешто даночниот обврзник има подружница. Доколку такво место не постои, за место на прометот на услуги се смета постојаното живеалиште или престојувалиште на даночниот обврзник кој е корисник на услугата, додека за место на прометот на услуги кон лице што не е даночен обврзник, се смета местото каде што вршителот на прометот на услуги има вистинско седиште. Доколку прометот на услуги се врши од подружницата на вршителот на прометот на услуги, што се наоѓа надвор од неговото вистинско седиште, тогаш седиштето на подружницата се смета за место на прометот на услуги. Доколку такво место не постои, за место на прометот на услуги се смета постојаното живеалиште или престојувалиште на вршителот на прометот на услуги.
По исклучок од претходно наведеното, за место на промет на услуга се смета:
Местото на прометот каде услугата е извршена кога се работи за услуги кои се извршени кон лице кое не е даночен обврзник од страна на лице кое врши услуга во име и за сметка на друго лице;
Местото каде што се наоѓа недвижниот имот кога се работи за промет на услуги во врска со недвижен имот, вклучувајќи го и посредувањето при промет со недвижен имот, услугите од страна на експерти и агенти за недвижен имот, проценката на недвижен имот, провизиите за сместување во областа на хотелиерството или слична област како што се сместувачки кампови или локации наменети за кампување кои функционираат како кампови/места за сместување, гарантирање на права за користење на недвижен имот и услуги за подготовка и координација на градежни активности, како што се архитектонски услуги и активности поврзани со надзор на градежни активности;
Местото каде што превозот на патниците се извршува, пропорционално на делницата или дел од истата, по која се извршува превозот кога се работи за превоз на патници;
Mестото каде што превозот на добрата се извршува, пропорционално на делницата или дел од истата, по која се извршува превозот кога се работи за превоз на добра кон лица што не се даночни обврзници;
Местото каде што услугата се извршува за услуги кои се однесуваат на право на влез на културни, уметнички, спортски, научни, едукативни, забавни или слични настани, како што се саеми и изложби, вклучувајќи и помошни услуги поврзани со истите, извршени кон даночен обврзник
Местото каде што услугата се извршува за услуги кои се однесуваат на обезбедување на услуги и придружни активности во врска со културни, уметнички, спортски, научни, образовни, забавни или слични активности, како што се саеми и изложби, вклучувајќи ги и услугите на организаторите на наведените услуги, кои се извршени кон лице кое не е даночен обврзник;
Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за помошни превозни услуги како натовар, истовар, претовар, складирање или други услуги кои на вообичаен начин се поврзани со превозот, извршени кон лица кои не се даночни обврзници;
Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за услуги на процена и работи врз движни материјални добра извршени кон лица кои не се даночни обврзници;
Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги. По исклучок за место на промет на услуги на предавање на храна и на пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги извршени на брод, авион или воз, се смета местото каде што започнува превозот на лица;
Местото на кое што превозното средство вистински му се става на располагање на корисникот на услугата во случај на краткорочно изнајмување на превозно средство и
Местото каде што корисникот на услугата има вистинско седиште, постојаното живеалиште или престојувалиште кога се работи за изнајмување на превозно средство, освен краткорочното изнајмување, на лице кое не е даночен обврзник.
За место на промет на услугите, извршени кон лице кое не е даночен обврзник, се смета местото во кое што корисникот на услугата има вистинско седиште, постојаното живеалиште или престојувалиште, во случај на: пренос и отстапување авторски права, патенти, лиценци, заштитни знакови и други слични права; услуги на полето на рекламата; услуги на советници, инженери, советодавни фирми, адвокати, сметководители и други слични услуги, како и обработка на податоци и давање информации; банкарски и финансиски услуги и услуги на осигурување и реосигурување, освен изнајмувањето сефови; обезбедување персонал; изнајмување движен материјален имот, освен на сите видови превозни средства; услуги за посредување за пристап до системи за природен гас или друга слична мрежа, обезбедување на пристап до мрежата на електрична енергија во случај на загушување на соодветна алокациска единица при доделување на прекуграничните преносни капацитети на интерконективните водови; телекомуникациски услуги; услуги на радио и телевизиско емитување и услуги извршени по електронски пат.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.01.2024 ГОДИНА.
-Се менува одредбата која се однесува на даночната основа при пренос на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и присилно извршување, при што се предлага даночна основа да претставува постигнатата крајна цена намалена за данокот на додадена вредност, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка освен во случај кога доверителот се стекнува со движниот или недвижниот имот во постапката на присилна наплата и во постапката за присилно извршување, за што даночна основа претставува постигнатата крајна цена.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
-Се додаваат и нови два става на член 19, кои се однесуваат на даночната основа, односно за прометот остварен по пат на лицитација, даночна основа претставува постигнатата крајна цена намалена за данокот на додадена вредност, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка. По исклучок првиот и секој понатамошен промет со увезени употребувани патнички моторни возила извршен во рок од три години од денот на увозот, даночната основа не може да биде пониска од вредноста што ја одредил надлежниот царински орган при увозот на возилото.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
-Со членот 8 од Предлогот на Законот кој се однесува на член 20 од Законот за ДДВ се врши техничко прецизирање на делот кој ја уредува конверзијата на девизни средства во домашна валута, односно се предлага кога надоместокот кој го должи примателот на доброто или корисникот на услугата е пресметан во странска валута, да се врши конверзија во денари по СРЕДНИОТ курс утврден од Народната банка на Република Македонија на денот на настанувањето на даночниот долг .
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
-Во член 30 кој се однесува на повластената даночна стапка од 5%, се менува точката производи за човечка исхрана со ОСНОВНИ ПРОИЗВОДИ ЗА ЧОВЕЧКА ИСХРАНА.
Во истиот член точката за публикации се менува и истата гласи:- Публикации и тоа: книги како и електронски/дигитални учебници, брошури и слични печатени материјали, весници и други периодични публикации, детски сликовници, книги како и електронски/дигитални учебници за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како и публикации со порнографска содржина.
Воедно, се додаваат Менструалните производи за чиј промет и увоз ќе се користи повластената даночна стапка.
Се укинува повластената даночна стапка за пелетите, печките на пелети и котлите на пелети.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.09.2023 ГОДИНА.
-Се предлага повластената стапка од 10% да се применува врз прометот и увозот на останатите производи за човечка исхрана кои не се основни производи за човечка
исхрана и се утврдува обврска на поблиску да ги определи добрата и услугите чиј промет се оданочува со повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност од 10%.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.09.2023 ГОДИНА.
-Во член 32 од Законот за ДДВ, со кој се утврдуваат даночните должници, се додава даночниот застапник којшто е назначен од страна на странско лице кое нема седиште или подружница во Република Северна Македонија како даночен должник.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА ОД 01.01.2024 ГОДИНА.
-Се менува одредбата од член 45 став 1 од Законот за ДДВ која се однесува на враќање на данокот, при што се предлага следното: Ако износот на претходниот данок во одреден даночен период е поголем од износот на данокот кој е пресметан за прометот кој го извршил, како и за прометот за кои тој е даночен должник според членот 32-а од овој закон, разликата му се враќа на даночниот обврзник врз основа на негово барање кое го искажува во даночната пријава. Ако даночниот обврзник не искаже барање за враќање на разликата искажана во даночната пријава, таквата разлика се пренесува како даночна аконтација за следниот даночен период.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
-Се менуваат и одредбите од член 48 став 1 во насока на допрецизирање на одредбата со која се пропишува враќање на данокот на додадена вредност доколку странското дипломатско или конзуларно претставништво набави добра или користи услуги за службени потреби, при што се опеделува следното: доколку странското дипломатско или конзуларно претставништво набави добра или користи услуги за службени потреби, на барање на претставништвото ќе му се изврши враќање на данокот на додадена вредност, доколку е платена фактурата и доколку во истата е одделно искажан данокот на додадена вредност од страна на даночниот обврзник. Враќањето се врши врз основа на посебни спогодби склучени со државатаиспраќач, во согласност со условите на реципроцитет. Враќањето ќе се одбие, доколку износот на поединечна фактурата не надминува 9.000 денари, вклучувајки го данокот на додадена вредност. Барањето за враќање се поднесува најдоцна во рок од шест месеци по истекот на календарската година во која е извршен прометот кон подносителот на барањето.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
-Се додава нов член 51-б со кој се пропишува издавање на ДДВ – даночен број, односно се предвидува следното: Управата за јавни приходи доделува посебен даночен број (ДДВ даночен број) заради идентификација на одредени состојби или групирања на даночни обврзници со кој не се означува посебен правен статус, туку форма на дејствување за цели на данокот на додадена вредност. ДДВ даночен број, претставува единствена идентификациска ознака на податоците на даночниот обврзник за цели на водење на евиденција за остварување на права и обврски на даночниот обврзник за цели на данок на додадена вредност. Управата за јавни приходи доделува ДДВ даночен број заради идентификација и регистрација на: даночен обврзник регистриран за цели на данокот на додадена вредност и поврзано лице за цели на данокот на додадена вредност. ДДВ даночен број е составен од алфа знаци „МК“ и Даночниот идентификационен број доделен на даночниот обврзник регистриран во Единствениот регистар на даночни обврзници на Управата за јавни приходи.
СЕ ПРЕДЛАГА ОВИЕ ОДРЕДБИ ДА СТАПАТ НА СИЛА СО ДЕНОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО ВО ,,СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ’’
Во Службен весник на РСМ бр.111/2023 се објавени измените и дополнувањата на Законот за работните односи кои се однесуваат на прекувремена работа и место и начин на исплата на платата на работници на проекти од стратешко национално значење.
Со законот се водведува исклучок од одредбите со кои се регулира времетраењето на прекувремената работа најмногу до осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што се утврдуда дека за работа на проекти од стратешко национално значење утврдени со закон, а заради потребата од континуитет во работата, прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно, по претходна дадена писмена согласност од страна на работникот.Работата над 40 часа неделно се смета и се плаќа како прекувремена работа, со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор, во согласност со членовите 133 и 134 од овој закон.
Воедно, со Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи се утврдува дека Министерот за финансии во согласност со министерот за труд и социјална политика го пропишува начинот и местото на исплата на платата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдени со закон.
Во Службен весник на РСМ бр.79/2023 објавен е Правилникот за дополнување на правилникот за за минимално-техничките услови во продажни објекти во кои се врши трговија на големо и трговија на мало.
Дополнувањата се однесуваат на минималната внатрешна површина на трговските центри (молови) и минималниот број на продавници, штандови или киосци.
Имено, со дополнувањата на правилникот се додава нова алинеја 1 во член 20 став 1 согласно која трговскиот центар (мол) треба да има најмалку 6.000м2 вкупна внатрешна површина. Воедно во истот член 20 се додава нов став 4 согласно кој во трговскиот центар (мол) стоките треба да се продаваат во најмалку 10 продавници и најмалку два штанда или киосци.
Овие дополнувања на правилникот стапија на сила од 13.04.2023 година.
Интегрален текст на правилникот.
Согласно член 4 од Законот за минималната плата во Република Северна Македонија, исплатената висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со:
– 50% од порастот на просечно исплатената нето-плата во Република Северна Македонија, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и
– 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Висината на минималната плата не може да биде пониска од 57% од висината на просечно исплатената нето-плата во Република Северна Македонија за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Просечниот износ на исплатената месечна нето-плата за работник кој работи помалку од полното работно време се пресметува сразмерно со бројот на одработените часови во месецот.
Во просечниот износ на исплатената месечна нето-плата за работник, не се пресметува додатокот на плата за прекувремена работа.
Министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата во бруто износ во „Службен весник на Република Северна Македонија“, во месец март секоја година, која ќе започне да се исплатува со исплатата на платата за месец март во тековната година.
Согласно наведените одредби на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија, министерството за труд и социјална политика, во Службен весник на Република Северна Македонија бр.58/2023 од 16.03.2023 година, ја објави висината на минималната плата во бруто износ од 29.739 денари. Согласно овој износ, висината на минималната нето плата изнесува 20.175 денари.
Работодавачите кои склучиле договори за вработување со висина на претходно утврдениот износ на минимална плата, потребно е да ги усогласат истите со ново утврдениот износ на минимална плата на кој ќе го додадат додатокот на плата за работен стаж, односно зголемување на основната плата за 0.5% за секоја година работен стаж.
Друштвото КнигоПрима е една од водечките друштва за вршење на сметководствени услуги во Република Македонија , со работно искуство повеќе од 30 години. Низ годините и во согласност со трендовите КнигоПрима прерасна во компанија која покрај основната сметководствена дејност дава услуги и од финансиското известување, интерни извештаи и ревизии, даночни консултации, правни услуги од стопанското право, индивидуален консалтинг во областа на финансиите како и вработување во име на клиентите.
КнигоПрима распишува оглас за вработување на:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА РАБОТНОТО МЕСТО СЕ:
–Да поседува уверение за сметководител/овластен сметководител
-Претходно работно искуство од 3 години
-Работно искуство во буџетско сметководство ќе се смета за предност
-Одлично познавање на работа на компјутер
-Одлично владеење на програмскиот пакет MS Office, особено MS Excel
-Познавање на сметководствените правила и политики, вклучително МСФИ за МСЕ и МСС и/или Законот за сметководство за буџетски корисници
-Познавање на законскта регулатива особено во областа на даноците
-Познавање на англиски јазик
ОПШТИ ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења
-Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
-Подршка при подготовка на редовни месечни финансиски извештаи, статистички извештаи, анализа на должничко-доверителски односи
-Следење на законски регулативи и сметководствени стандарди
-Aдминистративно, архивско и канцелариско работење
-Поддршка при подготовка на извештаи за разни институции (статистика, НБРМ, УЈП)
-Подготовка на плата
-Контрола, следење на комплетна документација
-Комуникација со релевантни државни институции
Нудиме вработување на определено време од 6 (шест) месеци со можност за транформација на неопределено време.
Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок.
Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на македонски и англиски јазик на маил адресата info@knigoprima.com.mk
Институтот на сметководители и овластени сметководители, преку известување на својот веб портал, ги повикува сите лица запишани во Регистарот на сметководители и овластени сметководители, во рок од 7 (седум) дена од објавувањето на повикот, да извршат on-line ажурирање на податоците на веб апликацијата достапна на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk/
ИСОС наведува дека повикот за ажурирање на податоци е со цел достава на истите во Централниот регистар за цели на потпишување на годишните сметки и на финансиските извештаи, како и во Управата за јавни приходи за цели за потпишување на даночните пријави.
Повикот може да се погледне на следниот линк: https://isos.com.mk/images/%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA_%D0%B7%D0%B0_%D0%B0%D0%B6%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%86%D0%B8.pdf
Во Службен весник на Република Северна Македонија бр.236/2022 објавен е новиот Закон за заштита на потрошувачите, кој стапи на сила на 15.11.2022 година.
Со законот се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите чија област на дејствување е остварувањето на целите на заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи, тела и други носители на заштитата на правата на потрошувачите, како и други прашања од значење за положбата и заштитата на правата на потрошувачите.
Една од новините во законот се одредбите со кои се утврдуваат документите кои трговецот треба да ги предаде на потрошувачот. Согласно член 37 од Законот за заштита на потрошувачите, трговецот е должен при испораката на стоката или извршувањето на услугата да му ги предаде и да му ги предочи на потрошувачот документите што ги изготвил производителот, увозникот или продавачот на големо заради полесно и сигурно користење на стоките или услугите.
Во рамки на предметните документи спаѓаат:
декларација,
сертификат,
гарантен лист,
изјава за сообразност,
технички упатства,
упатства за склопување,
составување и/или монтажа,
упатства за користење,
листа на овластени сервиси и/или друг соодветен документ.
Наведените документи, трговецот е должен да му ги обезбеди на потрошувачот напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на територијата на Република Северна Македонија и неговото писмо, што не ја исклучува можноста од истовремена употреба и на други јазици, како и на знаци или пиктограми што се лесно разбирливи за потрошувачот.
Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.246/2022 од 16.11.2022 година, објавен е Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани за справување со енергетската криза.
Согласно одредбите на законот, корисници на финансиска поддршка се лица од социјално ранилива категорија на граѓани и тоа:
корисници на право на социјална сигурност на стари лица,
корисници на посебен додаток,
корисници на правото на надоместок заради попреченост,
лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед,
самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош,
корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари,
корисници на право на надоместок за телесно оштетување и
невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
Финансиската поддршка за корисниците на право на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Финансиската поддршка за корисници на право на пензија кои оствариле доход по основа на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, изнесува 1.500 денари месечно, за период од четири месеци. Финансиската поддршка за корисниците, кои оствариле доход по основа на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци.
Финансиската поддршка за корисниците на право на надоместок за телесно оштетување изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци
Финансиската поддршка за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
На веб-страницата на Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се објавуваат списоците на корисниците на финансиската поддршка најдоцна до петти во месецот и датумот кога ќе се врши исплатата на финансиската поддршка.
Министерот за труд и социјална политика формира Комисија за одлучување по приговори за финансиска поддршка.
Корисникот кој не е на списокот, а кој смета дека ги исполнува условите како корисник на правото на финансиска поддршка, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците.
Комисијата за одлучување по приговори, одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот.